Нешто чудно се случува во Германија: Расте интересот за половните автомобили!

ОБЈАВЕНО НА:

Според германската влада, половните автомобили пронаѓаат купувач 4,5 пати побрзо отколку еден месец порано

Ситуацијата што е актуелна во моментов низ Европа и понатаму делува чудно, а еден пример од Германија ги покажува сите парадокси. Додека во Германија расте продажбата на новите електрични автомобили, политичарите силно ги промовираат и ги субвенционираат со буџетски пари, на пазарот на половни возила е сосема друга приказна.

За просечниот купувач целиот концепт на електрична мобилност е далечна бидејќи му ги празни џебовите и го обврзува на долг кредит. На пазарот на половни возила во последниот месец доминираат дизел возилата.

Според германската влада, половните автомобили пронаѓаат купувач 4,5 пати побрзо отколку еден месец порано. Интернет страницата mobile.de според однесувањето на купувачите гледа дека особено се популарни автомобилите од средна класа, спортските автомобили и автомобилите со дизел мотори.

Прегледот на огласи со дизел автомобили пораснал за 19 проценти во однос на сите други автомобили. Големата побарувачка исто така влијае и на растот на цената на овие модели. Во просек цената на половните автомобили порасна за 13 отсто во однос на јуни 2020. Сепак, поради новиот германски данок за емисија на СО2, дизел возилата останаа поевтини од бензинците.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK