Neolix – херој на борбата против коронавирус епидемијата (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Произведувачите на автономни возила одамна продаваат автомобили без возачи. Сепак, како да беше потребна глобална пандемија за да се види убедлив пример од нивната корист во вистинскиот свет.

Компанијата Neolix од Кина, која прави самоуправувачки комби возила, флотата на своите автономни возила за превоз на медицински залихи и храна ги распореди на подрачјето на земјата кои се најтешко погодени со вирусот COVID-19, вклучувајќи го и центарот на епидемијата Вухан.

Малото комби поседува дури и капацитет за дезинфекција на градските улици, а истите сега се празни поради карантинските мерки. Во последните два месеци, компанијата прими преку 200 резервирани порачки за своето комби. Пред тоа од почетокот на производството во мај 2019 година беа произведени само 125 примероци.

Откако кинеската Влада виде колку автономната технологија може да биде корисна сред глобална здравствена криза, понуди прилично атрактивен поттик на компаниите кои сакат да купат и да управуваат со комби за достава, а тоа беше 60 проценти попуст на цената. Имајќи го то предвид, Neolix очекува да произведе и да продаде 1000 вакви комби до крајот на годината.

Додека многу други автономни возила се насочени за сообраќајните улици, Neolix доставните комби возила главно се двиѓат по кинеските патишта без борба со хаосот и непредвидливи возачи и пешаци.

Иако САД нема адекватни сојузни закони кои се однесуваат на самостојното управување на возилата и нивната работа на улиците, компаниите како што се Waymo, Uber и Argo AI тесни соработуват со Владата на градско и државно ниво, а тестирањето се спроведува во државите како што се Калифорнија, Аризона, Флорида…

Компанијата Nuro од Калифорнија разви возило за достава кое е слично на комбито кое го има кинескиот Neolix. Во нивниот случај направен е исклучок, за да моѓе привремено да се тестираат автономните возила за достава при најмали брзини на патиштата во Тексас во следните две години. Со оглед на тоа што Светската здравствена организација прогласи глобална пандемија, патиштата би требало да бидат помалку „загушени“, што на автономните возила ќе им даде доволно можност да ја докажат својата вредност.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK