Неофицијално има 1,5 милиони барања: Tesla веќе не прима нарачки за Cybertruck во Европа и Кина

ОБЈАВЕНО НА:

Tesla повеќе нема да прима нарачки за Cybertruck од Европа или Кина, бидејќи побарувачката за возилото далеку го надминува производството во догледна иднина.

Кога беше претставен Cybertruck, веднаш беа направени 250.000 резервации уште во првата недела. Побарувачката за возилото никогаш не се откажа, а дилерите на Tesla наводно примаат стотици резервации неделно, а бројот се искачи на 650.000 во јуни 2020 година.

Според Electrek, во мај 2021 година, na форумот Cybertruck беше објавen извештај за резервации на луѓе коишто покажаа дека има над еден милион резервации за електричниот пикап, а во моментов наводно е близу 1,5 милиони, иако тоа не е нешто што Tesla го има потврдено.

Kалифорнискиот бренд има доволно возила за производство во првите три години од производството, а извршниот директор Илон Маск рече дека компанијата ќе престане да прима нарачки од Европа и Кина. Cybertruck ќе биде произведуван во новата Gigafactory на Tesla во Остин, Тексас, а резервациите ќе продолжат да бидат отворени за северноамериканските купувачи.

Cybertruck беше претставен во 2019 година, но повеќекратните одложувања го турнаа почетокот на производството на камионот до 2023 година. Европските клиенти обично ги добиваат своите возила многу подоцна од северноамериканските купувачи, бидејќи матичната земја обично е првата што добива испорака.

Покрај тоа, регулаторните проблеми со дизајнот на Cybertruck, исто така, веројатно ќе ги пролонгира датумите на испорака за европските клиенти. Маск претходно изјави дека за тој пазар би можела да биде изградена помала верзија на камионот со малку поинаков дизајн.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK