Нема проблеми за Tesla – продажба е над очекувањата

ОБЈАВЕНО НА:

Tesla ги надмина своите очекувања во поглед на пордажбата за третиот квартал испорачувајќи скоро 140 илјади автомобили.

Според официјалните податоци за продажбата, во јули, август и септември испорачани се 139.300 Tesla автомобили што е за 44% повеќе во истиот период минатата година.

Ова е и пораст во поглед на вториот квартал кога се испорачани 112 илјади автомобили. Со овој резултат Tesla не само што се опоравува од кризата во првата половина годинава туку и значително ја зголемува истата.

Вкупната продажба пак, во првите девет месеци достигна 318 илјади возила. Најголем дел од оваа продажба припаѓа на моделот 3.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK