Нема криза за Toyota – зголемена продажбата во ноември

ОБЈАВЕНО НА:

И покрај коронавирусот Toyota бележи зголемување на продажбата. Ова го соопшти јапонскиот производител објавувајќи ги сумирано податоците за продажбата за минатиот месец.

Така во текот на целиот минат месец продадени се вкупно 852.213 возила на блогално ниво. Ова претставува пораст од 7% споредбено со истиот месец минатата година.

Најголем пораст има остварено во Кина каде се испорачани 177.726 примероци што претставува пораст од 16,7%.

Во Јапонија продадени се 142.775 возила што е пораст за 11,8%, а најголем процентуален пораст на национално ниво е забележан во Германија, од 21,6%, продавајќи 9.386 возила.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK