Нема повеќе Ford Ka+ за Европа

ОБЈАВЕНО НА:

По моделите B-Max, C-Max и EcoSport, европската понуда на Ford останува посиромашна и за моделот Ka+.cОваа одлука американскиот производител ја донесе со цел подобрување на профитабилоста на европскиот пазар и концентрирање на своите активности на другите попрофитабилни сегменти.

Големо влијание врз носењето на оваа одлука играат и строгите WLTP процедури кои предвидуваат исполнување на строги критериуми поврзани со емисијата на штетни гасови.

Овие мини автомобили тешко може да ги исполнат тие критериуми, па така во наредниот период Ford нема да биде единствениот прозвoдител кој ќе се повлече од овој сегмент. Од претходно се најавува прекин на производството и на моделите Karl и Adam на Opel, на Peugeot 108, Citroen C1 како и на VW Up, Skoda Citigo и Seat Mii.

Повлекувањето од понудата ќе значи дека Ford по цели 26 години години откако е лансиран овој модел на европскиот пазар ќе остане без мал градски автомобил во понудата. Сепак, овој автомобил ќе продолжи и натаму да се произведува и продава на јужноамериканскиот пазар.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK