Нема Ford Bronco за Европа!

ОБЈАВЕНО НА:

По Ford Puma, од претходно е познато дека за годинава Ford подготвува уште еден SUV во понудата. Станува збор за моделот Bronco.

Сепак и покрај долгата најава и бројните тизери, љубителите на овој бренд од Европа ќе го немаат тоа задоволство да може да го купат овој автомобил. Причината е едноставна, а тоа е поради тоа што овој модел нема да биде дел од европската понуда на Ford.

Ова го пренесуваат американските медиуми кои се повикуваат од последно одржаниот интерен состанок. На овој состанок се разговарало за директниот конкурент на Jeep Wrangler, токму моделот Bronco кој ќе му парира на овој конкурент на пазарите во Северна Америка, Африка и Блискиот Исток. Никаде на целиот состанок не била наведена Европа.

За потсетување, називот Bronco, Ford го кроистеше за компактниот SUV кој се произведуваше и продаваше во периодот од 1965 до 1996 година, а сега, по речиси 24 години повторно ќе се врати во понудата на американскиот производител.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK