Не брзајте со ставање плин: Прво треба да излезе огласот па после да аплицирате

ОБЈАВЕНО НА:

За вградување на плински уред ќе се субвенционираат до 18.000 денари по автомобил, но истиот не смее да биде постар од 2005 година, односно произведен пред оваа година. Надоместок ќе се добие само ако уредот е вграден по денот на објавувањето на јавниот повик кој ќе трае 30 дена.

Сите оние што се надеваат на помош од државата за субвенционирање на плински уред треба да почекаат уште неколку денови. Тогаш се најавува објавување на огласот за вградување на плински уреди во автомобилите. Дури откако ќе биде објавен огласот че може да се пријават за субвенција.

Министерот за економија, Крешник Бектеши потврдува дека парите ќе се исплаќаат по принципот „прв дојден прв услужен“. Со оваа мерка треба да бидат опфатени околу 1.200 возила годишно.

По завршувањето на јавниот повик, министерството ќе отпочне со разгледување и избор на физички лица кои ќе бидат субвенционирани и ќе започне со уплата на износот на сметката на сопственикот на возилото. Изборот ќе биде направен од страна на комисија од три члена и нивни заменици, и тоа по принципот кој прв ќе поднесе барање.

При аплицирање треба да се приложи и фискална сметка со сметкопотврда или уплатница со извод од деловна банка за извршено плаќање за купување и вградување на уред, како и фотокопија од лична карта и број на трансакциска сметка.

Што се однесува до мерката за замена на стари со нови возила, има две опции, а во работната група покрај претставниците од министерствата за економија, финансии, Царинска управа и здруженијата на увозници на нови автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK