Нарачеле Skoda ENYAQ iV само од гледање, а сега се радуваат на пространоста

ОБЈАВЕНО НА:

Skoda го испорача првиот ENYAQ iV во светот, на семејство во Норвешка. По воведувањето на својот прв целосно електричен СУВ, чешкиот производител на автомобили го направи најголемиот чекор досега во својата стратегија за електромобилност. По почетните испораки на скандинавските пазари, следуваат пазарите во Западна и Централна Европа во мај и јуни 2021 година.

ENYAQ iV е првиот продукциски модел на Skoda кој се базира на MEB платформата за модуларни електрични автомобили на VW групацијата. Теренецот доби Топ рејтинг од пет sвезди и e најдобро оценет модел досега за заштита на патниците во тестовите на Euro NCAP. Моделот ENYAQ iV исто така неодамна беше награден и со Red Dot за неговиот дизајн.

Првите клиенти на ENYAQ iV се Сиjeе Талсате и нејзиниот партнер Ојвинд Еспелунд, кои долго време размисlувале да се префрлат на целосно електричен автомобил. Двојката се одлучи за ENYAQ iV поради неговиот опсег, просторноста и привлечна цена. Кога ја направиле нарачката, тие го виделе само моделот виртуелно и биле многу импресионирани кога навистина пристигна.

„Слушнав дека ENYAQ iV е голем, но никогаш не би замислувал дека има толку пространа внатрешност. Особено сум задоволен од големиот багажник, тоа е голема придобивка за едно младо семејство како нашето “, изјавил Ојвинд Еспелунд.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK