Наместо во Франкфурт, Jeep со промоција во седум европски градови

ОБЈАВЕНО НА:

Jeep е само еден од бројните производители кои не настапуваат на саемот во Франкфурт. Оттука, американскиот производител се одлучи промоцијата на своите автомобили да ја спроведе користејќи алтернативни начини.

Од 21 септември па се до 6 октомври, Jeep како официјален партнер на Mindful Trathlon ќе има своја презентација во седум европски градови и тоа: Париз, Фиренца, Милано, Лисабон, Барселона, Мадрид и Рим.

Првата станица на Jeep е Париз каде на 21 септември ќе бидат изложени сите модели од европската понуда на Jeep која ги вклучува моделите: Renegade, Compass, Cherokee, Grand Cherokee и Wrangler.

Во иднина, поради високите трошоци за учество на саемите, се повеќе и повеќе производители се очекуваат да го следат овој потег на Jeep.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK