Најпрофитабилен дел на Општина Центар е – пајак службата!

ОБЈАВЕНО НА:

И покрај редовното објавување н аваквите информација се уште постојат возачи кои не се паркираат на соодветните места или пак тоа го прават на места каде истото е забрането.

ЈП Паркинзи на Општина Центар сигурно е најпрофитабилниот дел на оваа скопска општина. ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на изминатата недела санкционираа 259 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 19.08 до 25.08.2019 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 133 непрописно паркирани возила, од кои две (2) несовесно паркирани возила на места наменети за лица со посебни потреби, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 126 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во коишто биле паркирани.

Летово откако општината почна на неделно ниво да објавува колку возила се подигнати и казнети возачи ова е трета „најдобра“ седмица.
И покрај редовното објавување н аваквите информација се уште постојат возачи кои не се паркираат на соодветните места или пак тоа го прават на места каде истото е забрането.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка, и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK