Најпродаваните возила во светот и годинава се од Јапонија

ОБЈАВЕНО НА:

Аналитичката агенција Focus2Move ја објави годишната статистика, која ги покажува најпродаваните автомобили на светски план. Глобалниот рејтинг се однесува на последните седум месеци, а предвидувањата се дека до крајот на годината резултатите нема да бидат променети, особено во главната тројка бидејќи разликите се големи.

Интересен е фактот дека првата тројка не е променета во споредба со резултатите од минатата година и најпопуларните автомобили во светот и понатаму остануваат јапонски. Првата позиција според продажби продолжува да ја држи Toyota Corolla, која е на челната позиција од 2015 година наваму.

Податоците на Focus2Move покажуваат дека од почетокот на годината во светот се продадени 816.748 нови автомобили од моделот Corolla. Второто место е за американските пикапи Ford F-Series, од кои се продадени 722.566 автомобили. Тројката ја затвора европскиот бестселер Volkswagen Golf, од кој во 2018 година во светот се продадени 573.772 возила.

На табелата подолу се уште неколку најпродавани автомобили кои се во топ 10 за 2018 година. Прво е покажана актуелната позиција, а потоа местото кое моделот го заземал во минатата година. Следува самиот модел, бројот на продадени автомобили за 2018 година и динамиката во однос на минатата година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK