Најголем дел од Maserati моделите стануваат електрични

ОБЈАВЕНО НА:

Независно од стратешкиот план на FCA претставен во јуни годинава, спортскиот бренд Maserati оди по стапките на конкуренцијата воведувајќи богата понуда на електрични изведби од своите модели.

Првиот модел во електрична изведба ќе биде кросоверот кој ќе се темели на т.н. FCA Giorgio платформа. Овој модел се очекува да се појави кон крајот на следната година, а покрај основната изведба ќе биде достапен и со хибриден погон. Истата година се очекува и првиот SUV на овој бренд, Levante, да се појави во хибридна изведба. Во 2022 се очекува да се појави новата генерација на Levante која ќе биде достапна во целосна електрична изведба.

Главен адут против конкуренцијата ќе биде долго најавуваниот Alfieri кој според последните информации во продажба ќе се појави во текот на 2020 година заменувајќи го Gran Turismo. Година подоцна ќе се појави кабрио изведбата како и електричната изведба на овој модел.

Image result for maserati alfieri

И останатите актуелни модели пред се Ghibli кој рестилизиран ќе се појави во 2021 година, ќе биде достапен на хибриден погон, а засега е неизвесно дали Quattroporte ќе биде дел од оваа стратегија за електрификација на италијанскиот производител.

Со реализацијата на овој план, Maserati ќе остане најсериозниот бренд во рамките на FCA кој ќе направи значајни чекори кон електрификацијата на автомобилите и следење на конкуренцијата која веќе во својата понуда има вакви автомобили. Останатите брендови во FCA барем засега, од она што е познато нема некој особено големи планови на ова поле.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK