Најевтиниот елетромобил го има General Motors (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Најевтиното електровозило во светот во моментов се нарекува Baojun E100 и е плод на соработка меѓу концерните General Motors, SAIC и Wuling. Кинескиот електромобил на General Motors, привлекува пред сè поради цената од 5300 долари, што го прави највтиното електровозило во светот.

Baojun E100 е двосед и градски автомобил со должина под три метри. Во дизајнот на предната страна се гледа влијанието на последната генерација на градскиот мал германски модел Smart. Ентериерот на електровозилото е доста содржаен. Монтирано е мало виртуелно приборно табло и тоа е налик на компактна централна конзола.

Новиот Baojun E100 има електромотор со моќност од 40 коњски сили. Ќе овозможи максимален вртежен момент од 110 Нм. Максималната брзина е 100 км/ч, а со едно полнење акумулаторот ќе може да мине 155 километри. Полнењето на акумулаторот со домашна струја се врши за 7,5 часа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK