Најбогат на светот: Илон Маск „вреди“ 230 милијарди евра

ОБЈАВЕНО НА:

На светската ранг -листа на милијардери, Илон Маск не е само најбогатиот човек во светот, туку неговото богатство сега вреди исто колку и се што имаат заедно Бил Гејтс и Ворен Бафет.

Нето богатството на извршниот директор на компанијата „Тесла“ и „Спејс екс“, Илон Маск изнесува 230 милијарди долари од петокот наутро, според индексот на Блумберг.

Бил Гејтс е на четврто место со богатство од 130 милијарди долари, а Бафет е десетти со 102 милијарди долари. И Гејтс и Бафет беа меѓу најбогатите луѓе во светот.

Маск дојде на првото место со „преминување“ на извршниот директор на Амазон, Џеф Безос и стана најбогатиот човек во светот во јануари со нето вредност од 185 милијарди долари.

Годинава, Маск додаде повеќе од 60 милијарди долари на своето богатство, благодарение на силните перформанси на акциите на „Тесла“ и „Спејс екс“.

Безос е сеуште втората најбогата личност во светот со нето вредност од 191 милијарди долари.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK