Наградата „Auto Europa 2021“ за Peugeot 2008

ОБЈАВЕНО НА:

Крајот на годината е почеток на период кога во сите земји почнуваат или веќе се одржуваат настани на кои се прогласуваат најдобрите, оние за кои се смета дека имаат најголем напредок или најмногу придонесуваат во автомобилската индустрија, се разбира според однапред утврдените критериуми.

Во Италија, Здружението на автомобилски новинари ја додели наградата „Auto Europa 2021“, а победник е францускиот модел Peugeot 2008.

Прогласувањето требаше да се одржи по повод Саемот за автомобили во Милано Монца, но тој беше откажан поради коронавирус па објавувањето на наградата „Auto Europa“ беше онлајн како и многу други работи.

Наградата ја освои Peugeot 2008, кој доби најмногу гласови од новинарите и – за прв пат – од 100 важни и влијателни членови и популарно жири, пред BMW 1 Серија, Ford Puma, Hyundai i20, Kia XCeed, Renault Captur и Volkswagen Golf .

Моделот Peugeot 2008 го наследува Renault Clio кој беше награден минатата година. Сега 2008 го повторува успехот од 2014 година со постарата генерација, станувајќи шестиот модел на Peugeot што ја носи титулата во Auto Europa по моделите 207 (2007 година), 3008 (2010 година), 208 (2013 година), 2008 (2014 година) и 308 (2015 година).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK