Над 1 милион прегледи за еден ден: Кој е побрз – BMW M5 v Audi RS6 v AMG E63 S

BMW M5 v Audi RS6 v AMG E63 S – кој Германец најбрзо ќе ја помине целната линија? Одговорот на ова прашање го дава екипата на британскиот магазин carwow чие видео за неполни 24 часа собра над 1 милион прегледи.

Моделот RS6 на Audi располага со 4.0 литарски V8 мотор мотор со 600 КС и 800 Nm обртни моменти. М5-та на BMW, располага со 4.4 литарски V8 мотор кој продуцира 625 КС и 750 Nm обртни моменти. Mercedes AMG E63S под хаубата располага со 4.0 литарски V8 мотор со 612 КС и 850 Nm обртни моменти.

Адреналинското видео со одговор на прашањето можете да го погледнете во продолжение.