На Водно нема „зезање“ – за викенд сите плаќаат паркинг

ОБЈАВЕНО НА:

За разлика од центарот на Скопје, каде се бара уличка или место каде не треба да се плати паркирање, на Водно таква можност тешко се наоѓа. Секој викенд таму паркирањето се плаќа, а првиот час чини дури 100 денари. Секој нареден е 50 денари.

Но, ако решите да паркирате на зеленило, покрај пат или на место каде тоа не е дозволено, тогаш бидете сигурни дека ќе добиете казна, а не е исклучено и доаѓање на пајак служба.

Според информацијата од град Скопје овој продолжен викенд дури 316 возачи си пуштиле смс за да си го регулираат паркингот. Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари.

На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а паркирањето во зеленило се санкционира.

Од друга страна во центарот бројката на подигнати возила во текот на неделата секогаш е над 100…

Следете не и на:

24AUTO NETWORK