На грдата навика и доаѓа крај – Посебни камери за оние кои снимаат сообраќајни несреќи

ОБЈАВЕНО НА:

Сообраќајка на патот. Многу возачи успоруваат сакајќи да погледнат што се случило, а ако зад нив се оние кои тоа сакаат да го снимат тие не се концентрирани на патот, па тоа е причина за нови сообраќајни несреќи.

Истите предизвикуваат нови лични фрустрации, а често и посериозни повреди. На место на несреќата доаѓа итна помош да ги спаси преживеаните и никому не му се потребни други возачи кои го снимаат овој немил настан.

Во Германија снимањето на сообраќајни несреќи е казниво, а со таа програма наскоро тргнува и Велика британија. Полициските службеници од Дербишир ќе постават на местото на несреќата камери со кои ќе се снима сообраќајот. Видеата ќе се прегледуваат дополнително и сите сообраќајни воајери, кои со мобилни телефони го снимаат местото на несреќата ќе бидат казнети.

Снимањето на местото на несреќата не е само морално сомнително, туку е и опасно. Многу возачи успоруваат сакајќи да погледнат што се случло и не се концентрирани на патеката, па се причина за нови несреќи. Само во САД проценуваат дека 10 до 16 проценти од сообраќајните несреќи се случуваа поради овој феномен односно недостаток на концентрација во возењето поради следење на сообраќајни несреќи.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK