Му покажа среден прст на полицаец, доби оправдување од судот

ОБЈАВЕНО НА:

Конфигурацијата од три прста со доминантен среден прст можеби делува малку грубо, но е добро позната во целиот свет. Сепак, во однос на законот таа постапка не е казнива во државата Мичиген во САД. Основното решение на судиите беше донесено после тужбата поднесена од возач, кој смета дека е казнет незаслужено бидејќи му покажал среден прст на полицаец.

Во 2017 година патрола ја запрела  Дебра Круз-Гулјас поради преголема брзина. Од непознати причини полицаецот манифестирал попустливост и ја казнил дамата за друг прекршок за кој казната била пониска. Дебара не ја ценела великодушноста на полицаецот, па на заминување на прозорецот од автомобилот му испратила поздрав покажувајќи му среден прст.

Гестот на „благодарноста“ бил причина за полицаецот да тргне по неа. Откако го стигнал автомобилот на Круз-Гулјас и одново ја запрел овој пат и ја врачил вистинската казна за превисоката брзина. Дамата зад воланот имала силна реакција бидејќи не се согласувала со дејството на полицаецот и одлучила со аргумент да го даде на суд. Таа навела дека и било нарушено правото на слобода во изразувањето гарантирано со Првиот амандман во американскаиот Устав.

Судот проценил дека иако е навредлив, опишаниот гест не е незаконски или казнив. Покрај тоа полицаецот немал правна основа вторпат да ја запре. На овој начин полицаецот го прекршил Четвртиот амандман од Уставот, кој забранува неосновано задржување, апсење и претрес.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK