Момче уништи Lamborghini од 260.000 долари – а не го возеше

ОБЈАВЕНО НА:

Момче од Австралија (14) со украден автомобил се заби во паркиран Lamborghini Urus во австралискиот град Перт.

Според локалната полиција, тинејџерот украл Subaru Forester на 6 октомври и го возел неколку денови. Сепак во една населба во Перт возејќи во вечерните часови тој се забил во паркиран автомобил Urus чија вредност е над 260 илјади американски долари.

По настанот тинејџерот го напуштил местото, но за кратко бил фатен од полициска патрола.

Медиумите во Австралија наведуваат дека ова е една од најскапите сообраќајни незгоди која се случиле во оваа земја.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK