Mitsubishi ги повлече од понудата дизелските изведби ASX и Outlander

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот производител Mitsubishi од понудата во Велика Британија ги исфрли дизелските изведби ASX и Outlander.

Овој сосема оечкуван потег на јапонскиот производител следи откако претходно од компанијата соопштија дека во целост ќе ги исфрлат дизелските изведби на овој пазар, со тренд истото да го направат и на останатите пазари во Европа и Северна Америка.

Периодов од своите салони низ земјата, Mitsubishi ги продаде и последните количини на залиха од ASX опремен со 1.6 литарски дизелски мотор и Outlader 2.2 литарски дизелски мотор. Со овој потег, Mitsubishi ја стеснува својата понудата па така на овој пазар достапни ќе бидат моделите во бензинска и хибридна изведба.

Претходно, во Велика Британија и многу други производители како што се Toyota, Nissan и Honda објавија дека нема повеќе да продаваат автомобили опремени со дизелски мотори на овој пазар.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK