Минус 100.000 нови дизел автомобили во Западна Европа за еден месец

ОБЈАВЕНО НА:

Најновите податоци од агенцијата LMC Automotive покажуваат дека побарувачката на нови дизел автомобили во Западна Европа продолжува да се намалува во првиот месец од 2021 година.

И покрај тоа што има уште еден пад во продажбите, што овој пат е над 100.000 примероци, новите дизел автомобили успеаја да го подобрат позарниот удел во споредба со декември во 2020 година и во моментов изнесуваат 26,9% од вкупниот пазар на Западна Европа.

Најмалку нови дизел автомобили во јануари биле купени на територијата на Холандија и Норвешка каде што формираат едвај 2,4% и 6,6% од пазарниот удел.

Најмногу, како апсолутна вредност, новите дизел автомобили беа купени минатиот месец во Германија, над 54.000 едицини, но и пократ тоа на локално ниво се забележува пад од речиси 33.000 примероци.

Единствениот пазар каде што има зголемување на побарувачката на новите дизел автомобили како апсолутна вредност е Шведска, но таму бројката за јануари е едвај малку над 4.600 примероци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK