Microsoft нов играч – инвестира 2 милијарди долари во самоуправувачки возила

ОБЈАВЕНО НА:

Microsoft се наметнува како нов играч на пазарот на електрични и самоуправувачки возила откако објави дека ќе инвестира две милијарди американски долари.

Овие средства во наредниот период ќе бидат инвестирани во компанијата Cruise која е компанија-ќерка на General Motors, специјализирана за развој на самоуправувачки возила. Претходно, освен General Motors и Microsoft, во оваа компанија инвестираше и Honda, па така сега вкупната инвестиција изнесува 30 милијарди американски долари.

Од Microsoft наведуваат дека инвестирањето во нови технологии е важно за напредокот на човештвото. Крајната цел е автономните возила да станат мејнстрим и истите да бидат доминантни на улиците ширум светот.

Инаку оваа компанија првиот самоуправувачки модел го претстави минатата година. Ткаа на улиците во Сан Франциско возеше моделот Cruise Origin.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK