Меркел даде дозвола – наскоро почнуваат со работа автосалоните

ОБЈАВЕНО НА:

Германската канцеларка Ангела Меркел ќе дозволи нормализирање на работата на продавачите на автомобили.

Како што пренесуваат германските медиуми, Владата на оваа земја наскоро ќе ги намали ограничувачките мерки кои претходно беа донесени поради Коронавирусот.

“Нема производство без продажба” изјавија минатата недела од Асоцијацијата на авто-производители на Германија коментирајќи ги актуелните мерки и барајќи да се дозволи продажбата на нови автомобили во салоните.

Веста за повторно почнување со работа на автосалоните во Германија ја соопшти првиот човек на Opel, Михаел Лохшелер кој ја пофали оваа одлука наведувајќи дека ова е значителен чекор кон нормализација на состојбата.

Откако беше прогласена вонредната состојба во Германија од 16 март  забележан е пад на продажбата на нови возила за 35 отсто, со што беше променета прогнозата од 3,35 милиони возила годишно како што се предвидуваше.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK