Мерка против загадување: На пладне во Лондон ќе се вози со 24 км/ч

ОБЈАВЕНО НА:

Главниот град на Англија ќе воведе радикални мерки за справување со загадувањето и промоцијата на пешачењето. Меѓу мерките кои ќе бидат преземани е и максималната брзина од 24 км/ч напладне и тоа на главните улици. Првично овие мерки ќе се применуваат во таканаречениот „Сити“, финансискиот центар на Лондон, каде секој ден над пола милион лица одат на работа.

Ограничувањето на максималната брзина на 24 км/ч може да влезе во сила уште во 2021 година, а се чека само одобрување од Министерството за транспорт и врски. Во моментов средната брзина во реонот не надминува над 17 км/ч поради тесните улици и сообраќајниот метеж.

Предвидени се и три од главните улици во тој дел од градот да бидат отворени само за електромобили. Другите артерии ќе бидт затворани после ручек за да се охрабрат работниците да одат пеш за време на паузата за ручек.

Градот Лондон прави огромни напори за намалување на загадувањето и поттикнување на возењето велосипеди. Од минатиот месец во центарот беа воведени нови, доста повисоки такси за постари автомобили. Оттаму таска меѓу 10 и 15 британски дунти за автомобил ќе бид воведена и на аеродромот „Хитроу“ од 2022 година за сите постари дизел и бензин автомобили за да стигнат до аеродромот, а таксите за паркирање ќе бидат одделни.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK