Mercedes X-Class доживеа дебакл и згаснува производството

ОБЈАВЕНО НА:

Ако Mercedes знае да се пофали дека продава одлично патнички возила, тоа не важи и за моделите што се нови во понудатат односно за влегувањето во сегмент каде германците немаат искуство.

Според Automotive News, причината е едноставна – слаба побарувачка. А Mercedes-Benz по кратка постапка загснува сѐ што не носи заработка и создава дополнителни трошоци.

Моделот X-Class, која се произведуваше во Барселона, не успеа да ги оствари зацртаните планови пред сѐ поради високата цена. Во Германија овој луксузен камионет се продаваше за околу 37.000 евра, а со V6 мотор речиси 49.000 евра. Колку за споредба, најпопуларниот пикап на светот, славниот Ford F-150 во Platinum серија има слична цена.

Покрај цената, проблем беа и фабричките дефекти поради кои Mercedes-Benz имаше неколку повлекувања на возила. Минатата година X-Class е продадена во само 16.700 примероци во Европа, Австралија и Јужна Африка.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK