Mercedes ќе елиминира неколку модели и ќе се фокусира на луксузот

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител сака да се репозиционира: 75% од инвестициите ќе бидат во поголеми и поскапи возила.

Во обид да стане „највредната марка за луксузни автомобили во светот“, Mercedes го обновува своето портфолио на производи со тоа што ги дели моделите во три категории: Entry-Level Luxury (луксуз на почетно ниво), Base Luxury (oсновен луксуз) и Premium Luxury (премиум луксуз).

Компактните автомобили ќе бидат многу помалку истакнати во иднина, бидејќи планот предвидува дека повеќе од 75% од инвестициите да бидат направени во поголеми и поскапи возила, за кои сите знаеме дека имаат повисоки профитни маржи.

За таа цел германскиот производител ќе го намали бројот на варијанти на моделите „Entry Luxury“ од седум на четири. Сепак, Mercedes не дава детали за компактните возила што ќе бидат исфрлени од употреба. А тука се: Class A , Class A sedan, Class A sedan со долго меѓуоскино растојание (во Кина), Class B, CLA, CLA Shooting Brake и GLA.

Категоријата „Core Luxury“ ќе ги групира моделите C-Class и E-Class со нивните деривати. Германската премиум марка потврдува дека тие ќе се преселат на следната генерација на модели во 2023 година за да се приклучат на EQE и EQE SUV базирани на платформата EVA2. Користејќи ги истите основи на електричниот автомобил, Mercedes планира да лансира дополнителен модел специјално развиен за кинескиот пазар.

Што се однесува до категоријата луксуз од високата класа, таа ќе ги опфати сите производи од дивизиите AMG и Maybach, како и S – Class, G-Class и GLS. Тие ќе бидат заедно со EQS и EQS SUV, како и со „модели со ограничено издание и ексклузивни возила за соработка“.

Mercedes има за цел да ја зголеми продажбата на премиум автомобили за околу 60% до 2026 година во споредба со 2019 година. Во меѓувреме, таа се стреми кон оперативна маржа од околу 14% до средината на деценијата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK