Mercedes EQS леташе над Штутгарт

ОБЈАВЕНО НА:

Пред почетокот на АТП турнирот во Штутгарт, Mercedes како дел од промотивните активности го “леташе” електричниот EQS над Штутгарт.

По пауза од една година овој тениски турнир именуван како Mercedes Cup поради спонзорството на Mercedes, повторно се враќа на програмата па германскиот производител го искористи на најдобар можен начин.

По летањето овој автомобил се спушти на тревникот на главниот терен каде ќе се наоѓа до финалето кога победникот ќе го добие како награда, покрај паричната.

Главни фаворити на овој турнир се Александер Зверев, Денис Шаповалов, Хуберт Хуркач, Феликс Ожер, Уго Умберт, Адријан Манарино и Никол Басилашвили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK