Mercedes-Benz влезе во криза и годината ќе ја заврши со загуба?

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Daimler пред нешто повеќе од три недели ги намали финансиските очекувања за оваа година поради зголемените расходи за справување со дизел аферата и објави дека оперативниот резултат во 2019 година нема да биде повисок од оној во 2018 година, а тоа беше во плановите.

Минатиот петок концернот на изненадување на сите објави дека сега групацијата очекува EBIT кој е многу под минатогодишниот. Според прелиминарните податоци Daimler ќе објави оперативна загуба од 1,6 милијарди евра. Во 2018 година концернот успеа да дојде до заработувачка од камати и даноци во изност од 11,1 милијарди евра, а крајниот резултат бил приход од 7,6 милијарди евра.

Има неколку причини за губењето на милијарди:

Воздушните перничиња Takata

Како прва причина за лошиот резултат концернот го посочува издолженото исфрлање на воздушните перничиња Takata. Поради тоа биле доделени околу 1 милијарда евра повеќе провизии.

Дизелгејт

Новата проценка на последиците и ефектите на судските случаи и мерките поврзани со дизел скандалот доведе до зголемување на проценетите трошоци со околу 1,6 милијарди евра.

Комби возилата на Mercedes

Како надополнување комби возилата на Mercedes-Benz имаат негативно влијание врз приходите на Daimler во размер од 0,5 милијарди евра во вториот квартал.
Покрај тоа од Daimler објаснуваат дека забавувањето на зголемувањето на производството на автомобили во голема мера ја намали достапноста на возилата. Исто така растот на пазарите на автомобили е понизок од очекуваното. Последиците на сите овие настани се елоквентни. За една недела акциите на Daimler забележаа пад од 5,66%.

Продажбите на Mercedes-Benz се во опаѓање

Во првите шест месеци од годината, главниот бренд на автоконцернот Mercedes-Benz има испорачано 1.134.729 автомобили. Тоа претставува намалување од 4,6% во споредба со претходната година.

Европа

Низ земјите во Европа, Mercedes-Benz има продадено 457.595 превозни средства (-4,0%), додека на пазарот во Германија, продажбите во првата половина од годината изнесуваат 147.351 автомобили (-2.7%).

Азија

Во Азија, концернот од Штутгарт има продаденовкупно 478.254 возила, што е рамно на пад од 3,1%. На главниот пазар во Кина, компанијата има зголемување на продажбата во првите шест месеци од 1,3% што е еднакво на 344.657 автомобили.

САД

Во првата половина од годината во САД, Mercedes-Benz има продадено само 147.396 автомобили (-7.2%).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK