Mercedes-Benz со први фотографии од новиот Citan

ОБЈАВЕНО НА:

Откако во текот на октомври минатата година од Mercedes-Benz објавија дека во 2021 година ќе бидеме сведоци на премиера на целосно новата генерација на Citan, сега од компанијата ги дистрибуираа и првите фотографии на маскирани прототипови на многуфункционалниот автомобил.

Заедно со најавата дека дебито на новата генерација на Citan ќе се случи во текот на вториот квартал од годината, од Mercedes-Benz ја споделија и првата фотогрaфија на целосно електричната верзија на моделот – eCitan.

Citan, кој е дел од понудата на леснотоварни возила на брендот – Mercedes-Benz Vans, е развиен на нова модулна платформа, која дава можност и за имплементација на моделот со 100% електричен погон.

Од Mercedes-Benz коментираат дека новата генерација на Citan, која ќе биде комплетирана со двојни странични лизгачки врати, а ќе ги има сите препознатливи карактеристики на ДНК на брендот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK