McLaren потврди – доаѓа нов хибриден суперавтомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Она што се шпекулираше веќе подолго доби и официјално на потврда – McLaren наскоро ќе лансира нов суперспортски модел со хибриден погон. Ова го соопшти британскиот производител преку кратко соопштение.

Во соопштението не се објавени повеќе технички детали, а ниту пак називот на моделот. Оттука единствени информации се оние кои ги објавија британските авто магазини.

Според истите, автомобилот ќе има комбиниран хибриден погон, ќе биде опремен со најврвната технологија која некогаш била вградена во модел на McLaren, а ќе добие и нова шасија од јаглеродни влакна. Хибридниот погон ќе биде достапен со комбиниран V6 турбо бензински мотор како и неколку електромотори.

Премиерата би требало да се одржи во првиот квартал следната година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK