McLaren планира да го продаде своето седиште поради кризата!

ОБЈАВЕНО НА:

Британскиот производител McLaren објави дека планира да го продаде своето седиште во Вокинг, Англија, со цел да оствари дополнителен приход за надминување на финансиските тешкотии со кои се соочува.

Поради коронавирусот, приходите на компанијата во првата половина од годинава се намалија на 143 милиони фунти од 592 милиони фунти остварени минатата година за истиот период.

Сепак не станува збор за класична продажба на седиштето туку за оперативен лизинг според кој компанијата најпрво би добила 200 милиони фунти, а за користењето во наредните неколку години ќе исплаќа финансиски надоместок на компанијата која сега ќе го откупи седиштето. На крај на периодот седиштето би требало да биде вратено во целосна сопственост на McLaren.

Претходно, со цел намалување на трошоците компанијата одлучи дека ќе отпушти 1.200 работници.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK