Мажот на годината е заштитно лице на Volvo во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилот на годината во Европа за 2018 – Volvo XC40 и Мажот на годината  во Македонија за 2018, д-р Владимир Чадиковски склучија партнерство. Доктор Владимир Чадиковски е официјално лице на Volvo за Македонија и ова е почеток нешто што ќе претставува долгорочна соработка помеѓу Чадиковски и новиот дилер на Volvo во Македонија – Премиум АГС.

Елегантен изглед со моќни перформанси да го зграби секој предизвик, Volvo XC40 е вистинскиот избор за секој маж кој го препознава квалитетот. Не случајно мажот на годината за 2018 година и човекот со најголем придонес во општеството заедно со Volvo XC40 ја сплотија енергијата и моќно чекорат по патот на успехот.

„Во 2019 одбележувам 21 година од мојата професионална кариера. Низ годините сум добил многу признанија за својот труд, но особено ми е драго што годината ја завршувам со признание Маж на годината 2018. Убаво е чувството кога по толку голема посветеност, вложена енергија, време и труд за професионално усовршување, добивате вакво признаниe, а посебно кога алката ја надополнува и Volvo. По напорен ден, ви треба стабилност и удобност, а за старт на денот во мојата професија потребна е енергија и моќ за сите предизвици. Volvo XC40 е вистинскиот избор за мене. Сакам да изразам голема благодарност до тимот на Премиум АГС кои ме поврзаа со еден премиум бренд како Volvo.” – вели д-р Владимир Чадиковски.

Успехот е нешто за што треба да работите, да го стекнете и да се усовршите во полето на вашата работа, а чувството на моќ додека го возите вашиот Volvo е надополнување на стилот и елеганцијата на еден вистински џентлмен.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK