“Мажи на Годината 2018„ – настанот кој за прв пат ќе се одржи во Македонија (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Првиот специјализиран машки магазин Friday.mk и агенцијата за организирање на настани MOMENTUM INC веќе со полна пареа работи на настанот кој за прв пат ќе се случи кај нас, „Мажи на Годината 2018“. Како се приближува 28.11.2018, така се повеќе расте возбудата за она што ќе се случува на овој датум. Македонија добива нешто ново, настан кој има за цел да прерасне во традиција и да ги помести границите во заедницата.

Повеќе од јасно е дека и Македонија заслужува да има еден модерен настан во кој ќе се избираат најуспешните мажи во повеќе категории. За сериозноста и големината на проектот стои и подршката од  Сојузот на стопански комори на Македонија, Асоцијата на менаџери на Македонија и голем број на други успешни компании.

 

Погледнете го промотивното видео за настанот кој не очекува на 28.11.2018 година, во Тренд Гастро Бар.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK