Mazda со тизер го најави новиот SUV – доаѓа во Женева

ОБЈАВЕНО НА:

Уште кон крајот на минатата година од Mazda најавија дека оваа година ќе претстават нов модел. Сега, со објавување на тизер го најавија новиот SUV во понудата кој ќе дебитира на саемот во Женева во март годинава.

Претходно на големо се шпекулираше за тоа дали Mazda ќе претстави целосно нов модел или нова генерација од постоечките SUV модели, но сега е кристално јасно дека на овој саем ќе го видиме новиот модел, CX-4.

Како што кажува и самиот назив, новиот SUV ќе се позиционира помеѓу актуелните модели CX-3 и CX-5. Овој модел ќе биде првиот купе SUV во понудата на јапонскиот производител, а се базира на најновата SVA (Skyactiv Vehicle Architecture) платформа.

Првиот човек на европската дивизија на Mazda не откри која ќе биде почетната цена ниту кога ќе се појави во продажба, но шпекулациите се се погласни дека тоа ќе се случи на почетокот на следната година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK