Mazda со ново повикување на сервис

ОБЈАВЕНО НА:

Иако уште не завршило повлекувањето на најновата генерација на Mazda 3, јапонскиот производител се соочува со ново, многу поголемо повикување на возила на сервис.

Како што соопштува NHTSA (National Highway Traffic Safety Administration), поради безбедносен дефект ќе мора да бидат повикани на сервис 262.000 возила од Северна Америка.

Во соопштението NHTSA наведува дека проблемот е во софтверот кој ја контролира хидрауликата, а еветуален пропуст може да предизвика појава на сериозни последици.

Во вкупната бројка од 224 илјади автомобили опфатени се моделите CX-5, 6 и 3, сите произведени во периодот од 2018 до 2019 година. Сите овие примероци се произведени во Јапонија, а незначителен дел или нешто повеќе од 2 илјади во Мексико.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK