Mazda: Првиот целосен електричен автомобил премиерно во Токио

ОБЈАВЕНО НА:

Последните вести кои доаѓаат во Токио ги откриваат плановите на Mazda. Јапонскиот прозиводител првиот целосно електричен автомобил ќе го претстави на саемот во Токио следниот месец.

Ова го потврди портпаролог на Mazda, Јошиказу Нагаи кој додаде дека прототипот е завршен и истиот е тестиран.

Според пишувањата, станува збор за електричен SUV кој димензионално, но и естетски е сличен на Mazda CX-30, последниот сериски модел во понудата на Mazda. Располага со 35.5 киловатна батерија која продуцира 105 киловати и 264 Nm обртни моменти.

Овој модел не е изработен во соработка со Toyota иако тоа некои медиуми претходно го најавуваа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK