Mazda објави тизер од новата Mazda 3 (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Не е никаква тајна дека Mazda работи на новата, четврта генерација на Mazda 3. Во насока на светската премиера која е закажана следниот месец, на саемот за автомобили во Лос Анџелес, јапонскиот производител објави тизер видео на кое е прикажан новиот модел.

Насловено како “Новата ера започнува”, од видеото не може јасно да се види новиот дизајн на Mazda 3. Се очекува дизајнот да е инспириран од концептот Kai кој Mazda го претстави на саемот во Токио.

И оваа генерација ќе биде достапна во хечбек и седанска изведба. Покрај бензинскиот мотор во понудата ќе има и турбо дизелски мотор, а во однос на опремата, во овој модел ќе биде вградена најнапредната безбедносна опрема како и технологија развиена од страна на јапонскиот производител.

Mazda 3 позната и под називот Axela во Јапонија и Кина, е носечки модел повеќе години во понудата на јапонскиот производител. Првата генерација е лансирана во 2003 година и во наредниоте 6 години е најпродаван модел на Mazda. Значајни промени доаѓаат со втората генерација која се појави 2009 година, а актуелната трета генерација е лансирана 2013 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK