Маск утна за 450 возила: Tesla продаде речиси половина милион возила во 2020 година

ОБЈАВЕНО НА:

Изминатата 2020 година се покажа како успешна за американскиот производител Tesla. Како што покажуваат официјалните податоци за продажбата, во минатата календарска година продадени се 499.550 возила од овој бренд.

Ова е повеќе отколку што првично проценуваа аналитичарите од Вол Стрит кој сметаа дека Tesla ќе испорача 481.261 возило, пренесува Ројтерс.

Продажбата сепак е далеку поблиску до проценките на Илон Маск кој проценуваше дека ќе бидат продадени точно половина милион возила со што не ја погоди бројката за 450 возила.

Следната година се очекува продажба од еден милион возила, пред се поради освојувањето на нови пазари и лансирањето на нов модел во Кина.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK