Маск откри кога започнуваат испораките на Tesla Cybertruck

ОБЈАВЕНО НА:

Неколку стотина илјади луѓе имаат направено преднарачки на моделот кој се очекува конечно да излезе од фабриките на крајот на септември годинава.

Долго време се очекува да почне сериското производството и испораката на новиот модел на Tesla – Cybertruck. Веќе четири години поминаа од првата јавна информација и претстсвувањето. Потоа дојде пандемијата, и постојано се највува дека наскоро ќе почне.

Моделот сè уште е во форма на прототип, и додека сме виделе различни тест автомобили десетици пати, серискиот модел сè уште се чува во тајност. Уште во 2019 година, стотици илјади луѓе го резервираа пикапот без јасна претстава за тоа колку ќе чини или кога ќе пристигне.

Но, сега и тие веќе имат јавна претстава кога ќе може да почната да ги гледаат возилата на патиштата, па и тие да го дочекаат моделот што го нарачале.

Илон Маск, официјализираше кога треба да ги видиме првите пратки на Cybertuck и веројатно им даде надеж на многу негови обожаватели. Тој изјави дека тоа ќе се случи околу крајот на третиот квартал, што значи некаде кон крајот на месец септември. Сè уште е рано да се каже точен датум, но веројатно ќе знаеме повеќе за тоа како што се приближува настанот.

На прашањето кои ќе бидат карактеристиките на Cybertruck, Маск рече дека повеќе ќе бидат откриени на претставувањето. Тој додаде дека ова е исклучителен производ кој доаѓа исклучително ретко и нема да разочара.

Маск исто така откри дека производството ќе следи класичен циклус, што значи дека прво ќе се произведуваат мал број пикапи, а потоа постепено ќе се зголемуваат.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK