Maserati со нов тизер за модернизираниот Shamal

ОБЈАВЕНО НА:

Модерната интерпретација на моделот Shamal, Maserati го најави уште минатиот ноември кога беше претставен како дел од проектот Rekall. Сега италијанскиот производител објави нов тизер за овој автомобил.

Ретро дизајн со модерна технологија, тоа е она што Maserati го најави, а тизер фотографијата само потврди. Останува непознаница мотористиката, но и другите детали како официјалниот датум на премира и останатите технички каракатеристики.

Иако минатата година се чинеше дека овој автомобил нема да влезе во производство, со последниот тизер се чини дека сепак ќе се појави на производствената лента, но во значително ограничена серија.

Инаку овој модел изворно е произведуван во периодот од 1990 до 1996 година. Произведен е во само 369 примероци, а за дизајнот задолжен беше Марсело Гандини. Тогашниот модел бил со должина од 4,100 мм, а располагал со 3,2 литарски twin-turbo V8 мотор.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK