Maserati Grecale повторно фатен во јавноста

ОБЈАВЕНО НА:

Во пресрет на премиерата закажана за подоцна годинава, на интернет се појавија нови фотографии од вториот кросовер на Maserati, моделот Grecale.

Фотографиите се објавени од страна на motor1, но од истите не може да се дојде до детали во поглед на надворешноста. За очекување надворешнсота да потсетува на поголемиот Levante, но засега ништо не е потврдено.

За потсетување, овој SUV модел димензионално ќе биде помал од Levante и ќе се позиционари токму под овој модел. Ќе ја дели архитектурата и технологијата со Alfa Romeo Tonale кој исто така треба да се појави во продажба во текот на следната година.

Најмоќната верзија доаѓа со V6 мотор од 510 КС. Во продажба ќе се појави следната година, а почетната цена се очекува да биде околу 50 илјади евра.

 

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK