Македонците љубат да возат брзо – вчера казнети 800 возачи

ОБЈАВЕНО НА:

Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 800 возачи.

Од нив 44 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 506 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 294 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK