Македонци уапсени во Швајцарија – возеле 300 км/ч

ОБЈАВЕНО НА:

Швајцарската полиција уапси 12 лица кои се осомничени за организирање и учество во илегални трки во близина на Цирих на кои возеле близу 300 км/ч.

Во извештајот стои дека уапсени се 11 мажи и една жена на возраст помеѓу 24 и 40 години. При тоа, во групата, покрај државјани на Швајцарија има и државјани на Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Италија.

Јавниот обвинител на Цирих како и цирихшката кантонална полиција наведоа дека осомничените се движеле и со брзина од 287 км/ч, на места на кои брзината била ограничена на само 120 км/ч, а не се почитувале и ограничувањата од 50 км/ч и 80 км/ч.

Апсењето на овие 11 лица е продолжение на акцијата која започна во јануари 2019 година, а во чии рамки беа уапсени 21 лице од Тургау, Сент Гален и Цирих за одржување на нелегални трки.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK