Македонски државјанин возел 173 км. пијан, дрогиран и без возачка дозвола

ОБЈАВЕНО НА:

Државјанин на Македонија бил приведен од страна на припадниците на сообрќајната полиција во Белград. Причината за тоа било што тој возел без возачка дозвола, но под дејство на алкохол и дрога.

Се работи за триесет и две годишен маж чиј идентитет не се открива. Според Министерството за внатрешни работи на Србија, мажот бил сопрен рано наутро на наплатната рампа Врчин откако претходно на дел од автопатот Ниш – Белград возел со брзина од 173,4 км/ч.

Македонскиот државјанин кој управувал Porsche Carrera веднаш бил приведен во најблиската полициска станица каде било утврдено дека има 0,28 промили алкохол во крвта, а се покажал и позитивен на кокаин. Против него веќе е поднесена соодветна прекршочна пријава.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK