За возило на плин во странство мора да имате атест – во Грција казната е 500 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Плинот е многу популарен како погонско гориво кај многу возила, а нивните сопственици ги користат истите за патување на одмор и тоа надвор од државата. Но, не треба да се заборави дека освен регистрирано возило, зелен картон за патување о странство ви треба и валиден атест за плинскиот уред. Доколку ве сопре полиција и ви побара, а вие го немате тогаш казните се движат и до 3.000 евра, во Австрија, 500 во Грција, па до 60 евра во Црна Гора.

Поради можноста од пожар на ваквите возила им е забранет и влез во подземните паркинзи и гаражи на многу хотели, не само кај нас туку и во Европа. При ставањето на плински уред во возилото се добива атест според кој плинската боца трае пет години, а атестот за истиот десет. Но, Ако ве сопре полиција во Словенија, освен казна од 1.000 евра, останувате и без возило. Пожарникари ви го полнат возилото со пена за гаснење на пожар и ви го транспортираат до граница. А тука следува и големиот трошок што треба вие самите да го покриете, заедно со казната.

Законот вели дека доколку се поминати пет години од вградувањето, ви треба нов атест доколку сакате да одите преку граница. За пет години од инсталацијата на уредот ТНГ или по 10 години на плинскиот резервоар неопходно е да се направи контрола да се извади нов сертификат.

Нашите колеги од www.24info.mk направија едно истражување што треба да се направи и каде ако сакте да извадите нов сертификат пред да тргнете да одмор.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK