За што и колку ќе бидат субвенциите за купување возила

ОБЈАВЕНО НА:

Владата донесе измени со кои ќе се субвенционира купување на еколошко возило, односно возило на електричен погон или хибридно возило. истото се однесува и за приватни и физички лица. Тоа би требало да биде навистина интересно за граѓаните и компаниите. Исто така постои и програма за субвенционирање при купување на нови возила со одјава (уништување) на старото возило.

Оваа мерка би требало да донесе зголемување на увозот на нови возила во однос на половните и обновување на возниот парк во Македонија. Според податоците во Македонија има регистрирано над 400.000 возила од што повеќе од половина се со стандардни Еуро 1 и Еуро 2.

Со програмата за субвенционирање за купување електрично или хибридно возило се предвидуваат субвенции од 5.000 евра во денарска противвредност за набавка на електрични возила, и 3.000 евра во денарска противвредност за набавка на хибридно возило. Во првата година се предвидени субвенции за 200 возила.

Со програма за субвенционирање на трошоци за вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во постоечките возила, предвидено е да се субвенцинира 50 отсто од цената на трошоците за набавка и вградување на уредот, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност за возило и се предвидува да бидат опфатени над 1.200 возила на годишно.

Па ако сте решиле да купите автомобил, сега е вистинско време.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK