Во јануари во Македонија увезени 414 нови автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Додека Царинската Управа работи на објавување на официјални податоци за февруари, објавени се податоците за увозот на автомобили и други моторни возизла за јануари годинава. Податоците што ги објавува Царинската управа се однесуваат на бројот на увезени, но не и на продадени возила. Дел од увезените возила не се продаваат веднаш, а дел од оние што се на залиха а увезени претходно се продадени. Овие податоци се делумно насока дали продажбата расте или опаѓа.

Во минатото Групацијата на импортери на моторни возила при Сојузот на стопански комори на Македонија ги објавуваше овие податоци. Откако и во Групацијата се појавија несогласувања околу вистинитоста на пријавените податоци и одбивањето на дел од импортерите да споделуваат јавно податоци сега истите информации се нецелосни и без неколку важни увозници. Затоа како насока се користат податоците на Царинската Управа.

Така во Македонија во првиот месец годинава се увезени вкупно 2.727 возила од кои 2.059 половни, а само 414 нови. Дополнително во оваа бројка влегуваат и 90-те нови товарни моторни возила и 154 половни како и три нови автобуси и седум употребувани.

Во споредба со јануари минатата година увезени се за два автомобили помалку. Во однос на половните автомобили, овој јануари се увезени 2.059 за разлика од јануари минатата година кога се увезени 1.911 половни автомобили.

За потсетување, во минатата календарска година увезени беа вкупно 39.594 возила што е најдобар резултат по 2011 година кога беа увезени 42.527 возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK