Скопје останува рекордер – за еден ден полицијата напиша 467 казни

ОБЈАВЕНО НА:

Ако мислевме дека засилените контроли на полицијата во сообраќајот ќе придонесат за зголемување на свеста кај учесниците и почитување на правилата доаѓа спротивен одговор. Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 467 санкции

Тоа е повеќе од досегашниот рекорд од 437 санкции колку што беа напишани на 10 октомври, повторно само во Скопје.

Меѓу казните што им биле пишани на учесниците за возење без возачка дозвола биле 60, а 101 прекршок бил за пречекорување на дозволената брзина на движење.

Зголемен е бројот на технички неисправни возила и нерегистрирани – 63, а имало и
74 мерки за непрописно паркирање и 60 возила се подигнати со пајак. Биле изречени и 46 казни за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK